ДОМ бара Македонија да биде зона без ГМО

Од:

Демократската обнова за Македонија (ДОМ) денеска ја одржа втората конференција од кампањата „ДОМ за заштита од ГМО“ на која   информираа за законските прописи, нивното спроведување и работата на државните институции одговорни за семињата во Македонија.

На конференцијата се разговараше за можните опасности по  домашните автохтони сорти при евентуален влез на ГМО семиња во Македонија, но и се укажа на можностите што ги има во законската регулатива за заштита од генетски модифицираната храна, добиточна храна, семиња и семенски материјал.

Претседателот на ДОМ Лилјана Поповска истакна дека тие бараат Македонија да стане слободна зона односно територија без ГМО. Посочи дека до сега  5 општини  изгласаа ГМО слободни зони, но дека е потребно и останатите градоначалници и совети да изгласаат такви зони со што би можеле да ги искористат привилегиите во развивање на еко туризмот и за сертифицирање на органската храна што ја произведуваат.

– Наша цел како зелена партија е да се спасиме од ГМО наездата, да си ја обезбедиме државата да не дозволиме влез на ГМО, бидејќи немаме можност за тампон зони за заштита. Од друга страна, Македонија има одлични услови за здрава органска храна во секој поглед и тоа треба да се искористи, рече Поповска.

Целта на кампањата, според неа, е повеќе луѓе да ја разберат суштината на ГМО со цел да се намали неговата употреба која може да предизвика последици по здравјето на луѓето.

Професорката Сузана Кратованлиева од Земјоделскиот институт при УКИМ во својата презентација за заштитата на генетските ресурси нагласи дека тим од банката при Институтот ги посетува домаќинствата во руралните области во Македонија за зачувување на автохтоните семиња кои најчесто се наоѓаат кај повозрасните лица кои се уште ги одгледуваат познатите традиционални сорти.

Панче Николов од Зелениот институт-Скопје  посочи дека искуството на европските земји покажува дека движењето против ГМО и прогласување слободни зони без ГМО дава успешни резултати. Македонија се приклучува кон тоа движење со една заедничка цел да се ограничи ГМО, неговата употреба и елиминирање на опасниот предизвик од несакани последици за здравјето на населението.

Македонија е потписник на Картагенскиот договор за заштита на биодиверзитетот и затоа е должна да се грижи за заштита на автохтоните семиња, семенски материјал и сите прехранбени производи од ГМО.

Генетски модифицирани организми се организми во кои генетскиот материјал е променет на начин кој природно не се случува со процесите на размножување.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски