ДОМ бара контроли за загадувањето од Железара

Од:

ДОМ бара мобилизација на институциите за заштита на животната средина и зголемување на буџетот на Министерството за животна средина од најмалку 50 отсто за обезбедување поздрав и поквалитетен живот во Гази Баба и Бутел, но и во цела Македонија.

Потпретседателот на Комисијата за животна средина на ДОМ Христина Оџаклиеска денеска на прес-конференција посочи дека партијата предлага мерки за контрола и спречување на загадувањето, по поплаки на жители од Гази Баба и Бутел од долгогодишното загадување од Железара.

– Да се доопреми и акредитира контролната хемиска лабораторија во Министерството за животна средина, со што ќе се зголеми сигурноста на добиените резултати, да се доопреми и комплетира лабораторијата на Хемиски факултет за нафта и нафтени деривати, за што Владата вложи солидни средства, за да не остане само на Окта, да си го контролира сама загадувањето што го прави, рече Оџаклиеска.

Таа побара зголемување на бројот на инспектори за животна средина, бидејќи, според неа, 18-те не можат физички да ги покријат потребите, како и поставување мрежа од мерни станици за загадувањето на воздухот и водата и редовно да се одржуваат и следат.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!