ДОМ бара јавна расправа за новата изборна регулатива

Од:

„ДОМ бара јавна расправа за новата изборна регулатива и ги потсетува партиите што преговараат на оваа тема дека не треба да се однесуваат како изолиран остров, па во тајност да договараат за прашања од јавен интерес.

Граѓаните бараат една изборна единица и повеќе од 4 партиски листи, бараат отворени листи на кои самите ќе изберат кому ќе му ја дадат довербата! Како партија со години ја водиме оваа кампања, но дури годинава се прифати од граѓаните и од многу наши колеги во политиката.

Граѓанската свест се издигна над шемите на црно-белиот свет и се сфати дека токму во поделениот политички свет е генераторот на политичките кризи. Граѓаните треба да добијат можност за поголем избор, спрема своите специфични погледи, сфаќања и потреби. Одговор е едната изборна единица со отворени листи“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски