ДОМ бара итни мерки за да не дишеме отров!

Од:

ДОМ повторно бара Владата да прогласи ВОНРЕДНА СОСТОЈБА СО ЗАГАДУВАЊЕТО од утре до крајот на февруари!

Бараме ИТНИ МЕРКИ ВО ГРАДОВИТЕ, ЗА ДА НЕ ДИШЕМЕ ОТРОВ! Тоа се:

„Зелена“ зона за пешаци и велосипедисти во центарот!

Забрана за возила под 4 ЕУ стандард во градскиот сообраќај!
Воведување пар-непар!
Повеќе автобуси во јавниот превоз!
Јавен превоз во градови кај што го нема!
Затворање на градилиштата!
Миење на улиците со ВОДА!
Субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива за домаќинствата!
СТРОГА контрола на индустриските постројки, посебно на горивата!
Редовно собирање на отпадот!

Ова се итни мерки што се прават со скромен буџет, а можат брзо да дадат резултат. Владата не смее да се оглушува на протестите и барањата на граѓаните, зашто тие се борат и за нивните деца!

ДОМ ќе го поддржи и утрешниот граѓански протест и повикува на поголема излезност!

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата