ДОМ бара итна истрага и разврска на скандалот со медицинскиот отпад

Од:

ДОМ бара итна истрага и разврска на скандалот со криминален третман на медицински отпад кој необработен завршувал на депонијата „Дрисла“.

„На потег е Јавното обвинителство, до кое е пријавен случајот уште во декември 2019 година. Бараме да се направи темелна проверка на целосната документација и финансиското работење на фирмата „Еко клуб“ и да се истражи зошто не се вршени професионални контроли од страна на Државниот инспекторат, кој е директно надлежен за контрола на вакви фирми.

Случајот беше откриен и пријавен од функционерите на зелената партија ДОМ, Мирослав Богдановски, потпретседател на ДОМ и раководител на градскиот инспекторат во Скопје и Дејан Димитровски, советник во општина Гази Баба. Тие покажаа како чесно и одговорно се работи во заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Го повикуваме и Државниот инспекторат за животна средина да го следи овој позитивен пример“, велат од ДОМ.

Од ДОМ потсетуваат дека во кусиот период додека Богдановски раководеше со Државниот инспекторат, за првпат по долги години беше направена инспекциска контрола во „Дрисла“. Утврдено беше непрописно работење со инсинераторот за горење на медицински отпад. Беше изречена казна, забрана за работа и дадена наредба да се набави филтер за да се спречи аерозагадувањето.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски