ДОМ бара 50 проценти жени на изборните листи

Од:

Со денешната трибина Форумот на жени на ДОМ ја започна кампањата за измена на Изборниот законик со цел 50 проценти жени на избирачките листи, која ја најави на 8. март годинава.

Форумот на жени на ДОМ предлага „патент“ модел, односно наизменичен распоред според полот на листата на кандидатите (маж-жена, односно жена-маж).

Овој принцип, соопшти денеска ДОМ, ќе доведе до унапредување на родовата рамноправност, зголемено учество на жените и нивното влијание во политичките партии и во севкупниот политички живот во општеството. Тоа, според ДОМ, ќе овозможи искористување на потенцијалот на голем број компетентни жени, што ќе води кон демократизација и ќе претставува огромна придобивка за целото општество.

Ова е и заложба на Обединетите Нации, насловена како „Планета 50-50 до 2030 година“.

ДОМ, стои во соопштението, доби поддршка од Демократскиот сојуз и Либералната партија, како и од Македонското женско лоби. Во наредниот период партијата ќе бара поддршка и од другите политички парти, невладини организации и граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата