ДОМ апелира опозицијата да се врати во Парламентот

Од:

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) апелира до клучните политички играчи да си подадат раце заради Македонија и нејзините граѓани.

Како што се наведува во соопштението, од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат лидерство и широкоградост, со која ќе им овозможи на колегите од опозицијата да размислат уште еднаш за својата одлука.

– ДОМ апелира и до опозицијата да се врати во Собранието и оттаму да се бори за своите барања. Само така може да остане сплотена и релевантна политичка сила. Сегашниот став е бегство од борбеното поле, кое води кон нејзино внатрешно слабеење, но и кон продлабочување на политичката криза на штета на земјата, стои во соопштението на партијата.

Според ДОМ опозицијата не треба да ја повторува грешката од Парламентарните избори од 1994 година, кога тогашната опозицијата го напуштија вториот изборен круг, сметајќи дека тоа е нужно и доблесно.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација