ДОМ апелира да не се тргаат избраните советнички

Од:

ДОМ го честита изборот на четирите градоначалнички во Кисела Вода, Градско, Тетово  и Богданци и очекува  добра работа, во интерес на граѓаните.

– Изборот на жени на овие  функции е многу значаен за сите нас, како чекор напред во демократските процеси и во постигнувањето еднакви можности за мажите и жените, рече на денешната прес-конференција претседателската на ДОМ Лилјана Поповска.

Таа додаде дека ДОМ го честита изборот и на советничките од сите партии и апелира до лидерите да не се тргаат избраните советнички.

– Да не се повторува праксата од претходни избори, кога во некои совети избраните жени ги отстапуваат своите места на мажи што се подолу на листите. Ако жените собрале гласови за една листа, зашто биле почитувани и имале авторитет, тогаш не е фер, не е човечки, да се отфрлат како употребен предмет, потенцира Поповска.

ДОМ ги охрабрува и избраните советнички, да не попуштаат под такви притисоци и да не ги отстапуваат местата што ги заслужиле.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија