Должниците на „Водовод“ од јануари ќе го подмируваат долгот без дополнителни трошоци

Од:

Од ЈП Водовод и Канализација-Скопје ги известуваат граѓаните кои имаат долг по основ на користење на услугите на ова претпријатие, дека со воведувањето на вонсудската наплата на долговите, од 1 јануари 2017 година ќе имаат можност да го регулираат својот долг без дополнителни трошоци.

Согласно измените во Законот за извршување, кои настапуваат од јануари 2017 година и воведувањето на вонсудската наплата на долговите, им се овозможува на корисниците на услугите, пред почетокот на каква било нотарска и извршителска постапка, да го регулираат својот долг и да ги избегнат дополнителните трошоци, кои може да изнесуваат и повеќе од 2/3 од главниот долг.

Пред да почнат да се спроведуваат измените во Законот за извршување кои настапуваат од јануари 2017 година, се потсетуваат граѓаните дека поради предвиденото законско утужување, кое ќе се спроведе во јануари 2017 година, за неплатените сметки за месеците од април до ноември 2016 година, се повикуваат граѓаните, кои имаат долг спрема ЈП Водовод и канализација-Скопје, за горенаведените месеци, истиот да го подмират еднократно или со потпишување на договор на повеќе рати.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“