Должниците на „Водовод и канализација“ – Скопје можат да ги платат долговите без камата, на рати

Од:

Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна, односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите, како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

Согласно одлуката, како што соопшти, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот.

-Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени, како и на [email protected] и https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он