Должи 5 милиони, а се луксузира со палми од половина милион евра

Од:

Македонски шуми има пари за влакнести палми, но нема пари да ги подмири обврските кон државата.

Јавното претпријатие по основ на неплатени побарувања на државата и должи 5,2 милиони евра. Поради неподмирувањето на долгот, Управата за јавни приходи Македонски шуми ја стави на ѕидот на срамот како неплаќач на данок.

Долгот на Македонски шуми не преставуваше проблем, ова претпријатие да набави влакнести палми во вредност од половина милион евра и да ги посади низ повеќе градови во Македонија вклучително и Скопје.

Палмите од половина милион евра за кои фирмата која на тендер беше избрана да ги набави со гаранција дека ќе ги издржат ниските зимски температури, за поголемиот дел од скопјани беа непотребни. Освен што палмите се декор за туристички места кои се во близина на море, граѓаните реагираа и за недомаќинската сума на пари која се троши во време кога Македонија според стандардот на граѓаните е најсиромашна земја во регионот и Европа.

Влакнестите палми се набавуваа по спецификација, специјално наменети да ги издржат температурните разлики. Беа набавени 1100 садници од од видот „Trachycarpus fortunei“, односно влакнеста палма, со височина на стеблото над 4 метри.

Доколку половина милион евра се поделат со бројката на набавени садници доаѓа дека една палма чини околу 450 евра или 27.000 денари.

Палмите ги набави фирмата РОССЕН ЦЕНТАР ДООЕЛ регистрирана во село Стримница-Желино.

Во последниот ревизорски извештај лани, ревизорите нотирале дека Македонски шуми од министерството за земјоделие бара 2,5 милиони евра кои се долг за услуги на претпријатието за денот на дрвото.

„Според податоците презентирани во „Информацијата за реализација на акцијата за пошумување „Ден на дрвото-засади ја својата иднина, есен 2013 година“, вклучувајќи ги и нејзините измени и дополнувања, Јавното претпријатија искажува побарувања од министерството во вкупен износ од 152.581.000 денари, од кои 137.171.000 денари се по основ на акцијата за пошумување за период 2010-2013 година, додека 15.410.000 денари се по основ на проширена репродукција на шумите за 2011 година. Оваа информација е доставена до Владата за понатамошно постапување“, се наведува во најновиот ревизорски извештај на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Влакнести палми добија повеќе градови низ земјава. Освен Скопје кој доби 160 тропски егзотични дрва, палмореди се насадаија во Охрид, Дојран, Струга но и други градови.

Б.С.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра

Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула