Докторот Нико Беќаровски навести заминување од Токсикологија

Од:

Лекарот Нико Беќаровски во објава на социјалните мрежи најави заминување од јавното здравство. Откако вчера тој и уште неколку доктори од Клиниката за Токсикологија ја обвинија економската директорка Бесија Иљази за хаосот на клиниката, а по што министерот за здравство Илир Демири објави дека го разрешува медицинскиот директор Даниел Петревски, а за Иљази рече дека работела добро, Беќаровски пишува дека се откажува од борбата за јавното здравство.

„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.

Вработените на Токсикологија сведочат дека економската диркеторка која не знае македонски сакала да вработи 18 лица на кои им истекле договорите, а не дозволила вработување на двајца биолози и еден болничар. Беќаровски се обидел со директроката да комуницира на англиски јазик.

Би можело да ве интересира

На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува

Директорката на Токсикологија која не зборува македонски, сака да вработи 18 лица со истечени договори наместо двајца биолози и еден болничар

Орце Костов

Двете жени пренесени на Токсикологија по пожарот во Универзална се во добра состојба

Затвореник од „Идризово“ починал на Клиниката за токсикологија

За новогодишната ноќ во Токсикологија примени 17 пациенти, најмладиот на 14 години

Катерина Ѓуровски

Пациентка скокнала од прозор од Клиниката за токсикологија, не е во животна опасност

Мери Јордановска