Дождот кој изминатиов месец речиси секојдневно врнеше во југоисточниот регион од државата го подигна нивото на Дојранското Езеро надминувајќи го декемврискиот просек во споредба со изминатите години.
Два дена откако престанаа врнежите,хидролошките мерења покажуваат дека на подрачјето на општина Дојран наврнале 150 литри дожд на метар квадратен кои придонесоа нивото на езерото да порасне за десет сантиметри, односно од нултата кота на езерото која е 144,9 метри надморска височина сега нивото е на 145,9 метри.
Хидролозите велат дека Дојранското Езеро последниве години постојано бележи пораст на нивото на водата, кое речиси редовно се одржува над нултата кота, и дека сегашниот водостој е повисок од просечниот за месец декември.