Дојранско одморалиште ќе стане центар за колективно здраво стареење

Од:

Запуштеното одморалиште на Црвен крст во Стар Дојран, во рамки на проектот за развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка, во блиска иднина ќе прерасне во центар за колективно здраво стареење.

За таа цел, организацијата на Црвен крст од Струмица планира во наредниот период од три години да обучи околу 80 лица од југоисточниот регион кои ќе добијат сертификати за асистенти и негуватели кои ќе може да ги пружат неопходните услуги на старите лица во дојранскиот центар, којшто се предвидува да биде како социјално – медицински центар, а не како класичен старечки дом.

Идејата на Црвен крст, како што велат, е да се опфатат што поголем број стари лица кои немаат средства да бидат сместени по домовите во земјава, па дел од средствата што би се добивале од развојот на деловните услуги, да се реинвестираат како помош на лица кои доаѓаат од социјално ранливите категории.

Проектот ќе се реализира со поддршка на австриски колеги и финансиска помош од Австриската агенција за развој.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски