Дојранско Езеро замрзнато

Од:

Насекаде во Македонија утрово е многу студено. Најниската измерена температура на воздухот се движеше од -17 степени во Берово до – 8 во Гевгелија, а во Дојран се измерени -7 степени и предизвика смрзнување на Дојранското Езеро до 2 сантиметри длабочина, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во 7 часот се измерени -16 степени во Берово, -15 Тетово, -14 во Куманово и Маврово, -13 Битола и Крива Паланка, -12 Скопје-Петровец и Прилеп, -11 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Лазарополе, -10 Штип, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и Крушево, -9 во Претор, -8 во Гевгелија до -6 во Дојран.

Во 7 часот висината на снежната покривка во Маврово била 48 сантиметри, 36 во Лазарополе, 25 во Крушево, 22 см во Пожаране, 20 во Ѓуриште, 14 во Претор, 13 во Охрид, 11 во Тополчани, 10 во Тетово, 8 сантиметри во Битола, 6 во Прилеп и во Крива Паланка, 5 см во Скопје-Зајчев Рид и 4 во Скопје-Петровец и Пожар.

SHM_7623

УХМР соопшти дека времето денеска ќе биде сончево и релативно студено со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од -4 до 4 степени.

Во Скопје слично време со температура до 1 степен.

И во петок ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. Во деновите од викендот ќе има значителен пораст на температурите. Во сабота и во недела кон крајот на денот можна е појава на локален дожд. Значителна промена на времето се очекува во недела во текот на ноќта и во понеделник со засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи претежно од снег.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час