Дојран исполнет со гости за продолжениот викенд

Од:

Продолжениот празничен викенд во Дојран ги наполни плажите, иако за ова летувалиште летната туристичка сезона официјално сеуште не почнала.

Раководителот на туристичкото биро, Перо Митаноски, не соопшти конкретна бројка на гости, но потенцира дека Дојран е речиси полн од домашни викенд туристи, но и од туристи претежно од Србија кои на пат кон Грција се задржуваат по два три дена и се интересираат за условите за летување на дојранското крајбрежје.

Тој изрази задоволство од зголемениот интерес за Дојран и најави дека со помош на локалната самоуправа ќе ги преземат сите мерки за рекордна туристичка сезона.

За таа цел на културен план синоќа во Нов Дојран почна манифестацијата „Летно кино“, која се одржува прв пат. На отворена сцена дојранчани и туристите го проследија филмот “Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски.

Во рамки на еднонеделната манифестација предвидени се проекции на филмови од домашна продукција, а последниот ден ќе биде посветен на децата со прикажување филмови на теми од приказните на браќата Грим.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска