Дојран исполнет со гости за продолжениот викенд

Од:

Продолжениот празничен викенд во Дојран ги наполни плажите, иако за ова летувалиште летната туристичка сезона официјално сеуште не почнала.

Раководителот на туристичкото биро, Перо Митаноски, не соопшти конкретна бројка на гости, но потенцира дека Дојран е речиси полн од домашни викенд туристи, но и од туристи претежно од Србија кои на пат кон Грција се задржуваат по два три дена и се интересираат за условите за летување на дојранското крајбрежје.

Тој изрази задоволство од зголемениот интерес за Дојран и најави дека со помош на локалната самоуправа ќе ги преземат сите мерки за рекордна туристичка сезона.

За таа цел на културен план синоќа во Нов Дојран почна манифестацијата „Летно кино“, која се одржува прв пат. На отворена сцена дојранчани и туристите го проследија филмот “Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски.

Во рамки на еднонеделната манифестација предвидени се проекции на филмови од домашна продукција, а последниот ден ќе биде посветен на децата со прикажување филмови на теми од приказните на браќата Грим.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран