Дојче Веле: Санино останува во Скопје за да ги одложи локалните избори

Од:

Директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Стефанo Санино, кој завчеравечер пристигна во Скопје, и денеска остана во земјава, во обид да ги убеди политичките партии да најдат решение за излез од кризата, јави „Дојче Веле“.

Една од причините за тоа е ставот кој и денеска го повтори СДСМ, дека партијата останува на одлуката на Централниот одбор дека нема да учествува на локалните избори ако нема договор за предвремени парламентарни. Дипломатски извори тврдат дека не е исклучено тој дури и да го дочека во Скопје неговиот шеф, еврокомесарот Штефан Филе, чија посета е најавена за 19 феруари, но, велат дека не е исклучено таа да се реализира и порано.

Неофицијално, според „Дојче Веле“, копјата се кршат околу една варијантата – локалните избори малку да се одложат, со цел да се даде време за формирање на експертска комисија, но со нејзин прецизно утврден формат и рокови за утврдување на настаните што претходеле и кулминирале на 24 декември. Според дипломатски извори, форматот е исклучително важен, со оглед дека еврокомесарот Филе изворно предложил странец да ја предводи таа комисија, а не да биде само член на комисијата без право на глас, како што стои во иницијативата на претседателот Ѓорге Иванов.

„Исто така, Филе предлагал успехот од работата на таа Комисија, нејзините наоди и евентуално утврдената одговорност за одредени субјекти од страна Комисијата, да биде услов за интеграцискиот процес на Македонија. Со тоа еврокомесарот сакал да го акцентира нејзиното значење и важна улога за излез од кризата, но и за оценките што ќе произлезат за Македонија од наодите на комисијата. Но, во тој план, камен на сопнување е предлогот за договор за предвремени парламентарни избори од кои опозицијата и натаму не отстапува, власта и натаму не го прифаќа, па работите се вртат во круг“, јавува „Дојче Веле“.

Во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ ниту ги потврдиле, ниту ги демантирале овие информации.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски