Дојави за поставени бомби на скопскиот аеродром, ФФМ, националната арена „Тодор Проески“, спортскиот центар „Борис Трајковски“….

Од:

Во тек е итна евакуација на патници и вработени на скопскиот аеродром, откако тамошни служби добиле дојава за наводно поставена бомба.

Закани за поставени бомби утринава се испратени и до седиштето на Фудбалската Федерација на Македонија, Националната Арена „Тодор Проески“, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, хотели.

Полициски сили од Одделот за антитероризам веќе се упатиле кон местото на настанот.

Деновиве цел на дојави за бомби се институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти.

Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и училишта во Куманово.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски