Нови дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје

Од:

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Учениците се евакуираат. Полицијата прави антитерористички проверки.

Евакуирани се и учениците од гимназиите „Георги Димитров“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“.

Родители од основното училиште „Браќа Миладиновци„ за А1.он потврдуваат дека добиле пораки од наставничките да ги земат децата поради дојава за бомба.

Од МВР потврдуваат дека има дојави за бомби. Најавуваа детали за подоцна.

Дојавите за поставени бомби продолжуваат да ги вознемируваат жителите на главниот град. Најчесто дојавите се за поставени бомби во училишта. Вчера имаше дојави за 15 бомби во училишта. Досега сите дојави за поставени бомби беа лажни.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски