Договорот од Пржино пропаѓа ако до вечер не се договори техничка влада

Од:

Договорот од Пржино повеќе нема да биде функционален доколку 4-те политички партии до вечер не ја договорат техничката влада во која треба да учествуваат и министри предложени од опозицијата.

Работните групи треба да се сретнат денеска во 17 часот во Клуб на пратеници, но не постојат големи изгледи дека ќе падне договор.

Доколку договор не се постигне опозицијата вели дека ќе ги искористи опциите кои се на располаѓање, а кои вклучуваат објавување на нови „бомби“.

До вечер навршува рокот за избор на нови министри. Доколку се прoбие, освен што договорот станува нефункционален, и престои неизвесната ситуација на Македонија, а и се заканува и губење на препораката за почеток на преговори во Европската унија.

Извори од преговарачката маса велат дека синоќа Јоханес Хан отворено се заканил со оваа опасност. Наводно еврокомесарот за проширување рекол дека доколку денеска остане истата ситуација, не ќе може да даде препорака за Македонија во такви услови.

Истите извори велат дека Хан во еден момент бил подготвен да ги прекине преговорите и да си замине пред време од средбата затоа што ВМРО-ДПМНЕ инсистирале прво да се договори законот за употреба на „бомбите“.

Заминувањето на ДУИ и ДПА од преговарачката маса било во моментот кога Хан ја прекинал средбата. Она што било поразлично од претходните средби, според изворите, е тоа што ДУИ за првпат не вршеле притисок, барабан со ВМРО-ДПМНЕ, да се договори законот за „бомбите“.

Откако на полноќ преговорите биле стопирани, делегатите од ВМРО-ДПМНЕ се предомислиле и во последен момент се вратиле. Преговорите продолжиле и се дискутирало само за техничката влада.

Како што брифираат изворите, ВМРО-ДПМНЕ барале новите министри од владата предложени од опозицијата да бидат со ограничени овластувања, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи. Тоа за опозицијата е неприфатливо. Тие барале министри со сите права и обврски, без никакви ограничувања.

Постои убедување дека ВМРО-ДПМНЕ го одолговлекува процесот за притисокот да падне на опозицијата. Наводно целта е опозицијата да попушти во своите барања на точките како: објавување на злоупотребите документирани во „бомбите“, сериозното функционирање на Специјалното јавно обвинителство и промена во МВР каде владејачката партија би изгубила целосна контрола. Опозицијата вели дека на власта нема да и успее оваа тактика.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Русија би можела да остане без банани

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

Орце Костов

Норвешка со 205 милиони евра ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за зимата

А1он

Илон Маск: Правете повеќе бебиња за да ја одржиме цивилизацијата

А1он

Светската криза со храна ќе се влошува, луѓето плаќаат повеќе за основните потреби насекаде

А1он