Договорот со Грција утре пред пратениците за ратификација

Од:

Пратениците утре се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот попладнево доби зелено светло на матичната Комисија за европски прашања.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во образложението рече дека ако сакаме да направиме сè што можеме за да го фатиме европскиот воз, потребно е навреме да ја информираме Грција за да го извести Советот на ЕУ дека ги повлекува забелешките.

Министерот додаде дека сите се патриоти, и оние што се согласуваат со договорот и оние против него. „Да прифатиме дека сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот“, рече Димитров, кој додаде дека не сме доволно свесни за одговорноста за неносење одлуки. „Чувме дека во минатото можеше да има и подобри решенија. Но, должност е на тие што ја водат земјата да видат дали може да чекаме уште пет години. Одговорноста од пропуштање на шансата е преголема“, предупреди министерот.

„Oва е за нашите деца. Да се владее значи да се направи избор. Ние го направивме заедно изборот – Македонија цела суверена евроатланстка Македонија“, рече пратеникот од ДУИ, Артан Груби пред Комисијата за европски прашања.

Опозицијата не учествуваше на денешната расправа и воопшто во работата на Собранието со образложение дека договорот е капитулација на Македонија, правна лакрдија, неуставен и незаконски. Неизвесно е нивното учество на утрешната собраниска седница.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он