Договорена заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија

Од:

Албанија и Македонија немаат отворени прашања и сакаат уште подобра соработка како единствен сигурен пат кон евроатлантските интеграции, истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Дитмир Бушати и Никола Димитров, по денешната средба во Тирана.

Двајцата министри најавија одржување заедничка седница на двете влади на есен годинава во Поградец на кој ќе се разговара за заеднички проекти.

Албанија и Македонија, како што беше посочено, имаат потенцијал преку меѓусебната соработка, модернизација на инфраструктурата и други проекти, да придонесат и за развој на регионот.

Шефот на албанската дипломатија Бушати нагласи дека Тирана сака добри односи со Скопје.

– Во минатото имаше некои заблуди во врска со нашите ставови. Македонија е важен сосед за нас и демократската стабилност, меѓуетничката хармонија особено меѓу македонската и албанската заедница е од исклучително значење и за Македонија и за Албанија, но исто така и за стабилноста на целиот регион и неговата европерспектива, рече Бушати.

Тој го поздрави, како што наведе, амбициозниот план за реформи на македонската Влада 3-6-9 кој има за цел натамошна демократизација на Македонија и забрзување на реформите потребни за интеграција во НАТО и ЕУ. Македонија може да смета на поддршката од Албанија за членство во НАТО, истакна Бушати.

– Албанија не сака и нема да биде пречка за која било земја во нејзините евроатлантски аспирации. Тирана е многу заинтересирана за стабилност на Македонија и регионот, додаде шефот на албанската дипломатија.

Македонскиот министер за надворешни работи Димитров рече дека со Бушати се согласиле да направат повеќе од само политички изјави, и да се интензивира соработката на конкретни проекти.

Никола Димитров, денеска во Тирана ќе има средби и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани