Договорена соработка меѓу Гевгелија и Радече од Словенија

Од:

Бизнис соработката меѓу најпознатата словенечка компанија за хартија, од која се изработуваат банкноти и амбалажа за гевгелиската фирма „Жито Пром“ ќе биде унапредена со соработката меѓу општините Гевгелија и Радече која неодамна беше договорена на средбата во Гевгелија од страна на градоначалниците Сашо Поцков и Томаш Режун.

– Разменивме мислења околу идната соработка која во прв ред би се одвивала во поглед на поголема икористеност на средства од европските фондови. Големи се искуствата на општина Радече во искористувањето на средства и имплементацијата на проектите од ЕУ фондовите и во таа насока веќе договоривме средби за конкретизирање и дефинирање на идната соработка, рече гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Поцков уште потврди дека е договорено во најскоро време да бидат подготвени и потпишани меморандумите за соработка меѓу двете општини.

– Општина Радече има посебен сектор за ЕУ проекти и инвестиции како и посебно претпријатие за имплементација на проектите со финансиска подршка од ЕУ. Заинтересирани сме дел од овие фондови да насочиме кон Гевгелија и да помогнеме во нивното аплицирање и имплементирање затоа што постојат можности за реализација на проекти од повеќе области,истакна Томаш Режун, градоначалник на општина Радече од Словенија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски