Договорен составот на комисијата за настаните од 24. декември

Од:

Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рената Треновска Десковска и Љубомир Фрчковски од СДСМ се членовите на ад-хок комисијата за утврдување на фактите за настаните од 24 декември.

Ова е исходот од денешната консултативна средба меѓу Борис Јосифовски, генерален секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, и генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и на СДСМ Андреј Петров.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, во текот на разговорите биле разменети мислења и за претседателот на комисијата.

Првата средба од ист формат се одржа вчера на покана на Јосифовски. Договорено беше комисијата своите активности да ги извршува во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on