Договор за соработка во областа на картографските карти помеѓу Турција и Македонија

Од:

Министерството за обрана на Република Турција – Центар за картографски карти и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија на 30 март 2017 година потпишаа Договор за соработка.

Церемонијата се одржа во Центарот за картографски карти и генералниот командант полковник Осман Алп потсети дека Турција е првата земја што ја призна Република Македонија под уставното име.

Соработката помеѓу двете земји е зголемена, значајна и историска – истакна Алп. Ние, како Цeнтар за команда со картографски карти, со своето искуство околу 200 години, со задоволство ќе ги споделиме мислењата и ќе соработуваме во однос на географската положба, образованието, технолошките трансфери, советодавните и заедничките проекти. Би сакал да го истакнам своето задоволство за што побрза и поефикасна соработка. Истовремено Алп им се заблагодари на сите за успешната соработка во корист на двете земји.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ г.Славче Трпески истакна дека овој договор е од големо значење за нас, бидејќи Центарот за картографски карти на Р.Турција ја поддржува соработката меѓу двете земји преку посета на експертски тимови за развој на програмата, вклучувајќи и техничка соработка, одржување работилници за производство на картографски карти и одржување симпозиуми.

Делегацијата од Агенцијата за катастар на недвижности е задоволна од посетата на Р.Турција, од меѓусебните односи, како и од претходните соработки помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Училиштата во 17 турски провинции се затворени поради снежни врнежи

Уапсена актерка од „Сулејман Величествениот“

Нови апсења во Турција за наместени натпревари, меѓу приведените е и поранешниот потпретседател на Галатасарај

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава

Ердоган му одговори на Нетанјаху: За разлика од нас, вие внесувате крв и солзи во регионот