Договор за соработка меѓу Државниот архив и Генералната дирекција на Архивите на Албанија

Од:

Директорите на Државниот архив на Република Македонија и на Генералната дирекција на Архивите на Албанија Филип Петровски и Гјет Ндој денеска ќе потпишат Договор за соработка.

Новиот Договор за соработка предвидува размена на специјалисти од областа на архивското работење, истражувачки престои и размена на архивски материјал врз основа на реципроцитет, размена на зборници на документи и архивски списанија, подготвување заеднички проекти од регионален карактер, како и реализација на иницијативата за формирање на професионално архивско здружение во Југоисточна Европа, кое ќе функционира самостојно или во рамки на Меѓународниот архивски совет.

Овој договор претставува продолжување на веќе постоечката соработка со Генералната дирекција на Архивите на Албанија, ќе биде со валидност од три години и со можност за негово автоматско продолжување од три години. Ова е веќе четврт договор од ваков вид со овие Архиви.

Првиот Договор за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија (тогаш Архив на Македонија) и Генералната дирекција на Архивите на Албанија е потпишан на 7 јуни 1991 година.

Би можело да ве интересира

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Архивските материјали се заштитени, изградба нов објект е трајно решение

Ана Ололовска

Државниот архив ќе се сели на нова локација

Ана Ололовска

Конференција „Архив на податоци од општествените науки во Република Македонија“

Ана Ололовска

Конференција за архив на податоци од општествените науки во Македонија

Ана Ололовска

Состанок на Европскиот регионален огранок на Меѓународниот архивски совет

Наум Локоски