Догодина ремонт на железницата Битола – Кременица

Од:

Железничката делница од Битола до Кременица, на границата со Грција, ќе се реконструира во должина од околу 17 километри. Тендерската документација е веќе изработена и доставена до службите на Делегацијата на Европската унија на одобрување.

По нејзиното одобрување ќе се отпочне со тендерските постапки кои се предвидуваат во втората половина на годинава. Надлежното министерство за транспорт и врски очекува градежните работи на оваа делница да започнат кон средината на идната година и да бидат завршени за 24 месеци, односно до средината на 2016 година.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во изјава за МИА вели дека при подготовката на документацијата за оваа делница е земена предвид и стопанската активност и економскиот развој во пелагонискиот регион и развојот на индустриската зона Жабени кај Битола.

– Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи подобрување на железничката инфраструктура во земјата како стратешка транспортна точка во регионот и ќе се зајакне протокот на меѓународна трговија и директниот пристап до Солунското пристаниште. Особено е значајно тоа што ќе се поттикне протокот на товарниот сообраќај и меѓународниот патнички сообраќај и користењето на железничкиот транспорт во трговијата, истакнува Јанакиески.

Со ремонтот се планира реконструкција на приближно 17 километри колосек од крајот на станицата во Битола до границата со Грција, реконструкција на бројни премини, поврзување на колосекот со новата индустриска зона во Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај (патен и товарен) со сите придружни објекти и нова сигнализација и телекомуникациски инсталации.

Би можело да ве интересира

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија

Горан Наумовски

Бочварски: Наскоро средба меѓу работните групи на Србија и Македонија за изградба на брзата пруга

Бочварски: До крајот на годината ќе се распише тендер за изградба на пругата од Крива Паланка до ГП Деве Баир

Горан Наумовски

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов

Во прекин е железничкиот сообраќај помеѓу Прилеп и Битола