Доделување на наградите од конкурсот „Изрази се преку медиумите“

Од:

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ денеска ќе ги прогласи најдобрите медиумски производи испратени од 50-ина средношколци од цела Македонија на конкурсот „Изрази се преку медиумите“.

На конкурсот се бараше од учениците да предложат решение за проблем во општината во која живеат преку продукција на различни медиумски производи – постер, фотосторија или едноминутно видео.

Тројцата најуспешни автори од секоја категорија ќе добијат награди (таблет, мобилен телефон и камера ГоПро), а уште десет најкреативни ученици ќе учествуваат на летниот камп за медиумската писменост што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе го организира во јуни во Штип.

Апликациите ги избра комисија составена од предавачи на Високата школа и уредници на дневниот весник „Нова Македонија“.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество