Доделување на државната награда „11 Октомври“

Од:

Во македонското Собрание денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2018 година.

Добитници на наградата се проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, Ристо Лазаров, писател и новинар, Петре Арсовски, актер и проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог .

Михајловски, Лазаров и Арсовски наградата ја добиваат за животно дело во областа на културата и уметноста, а Ставридис за животно дело во областа на здравството.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на својата последна седница.

Државната награда „11 Октомври“ се доделува како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он

Герасимовски на средба со Сојузот на борци: Аманетот на нашите баби и дедовци мора го продолжиме, 11 Октомври е потсетник за тие идеали

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври