Доделени уверенија за избор на нов градоначалник и членови на Советот на Општина Дојран

Од:

Општинската изборна комисија за Дојран, по утврдените конечни резултати од гласањето на локалните избори 2013, вчера одржа свечен прием на избраните кандидати и им додели уверенија за избор на градоначалник и на девет членови што ќе го сочинуваат локалниот Совет.

Со освоени 56,80 проценти од гласовите на оние што излегле на денот на гласањето, кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“, Борче Стамов, при излезеност од 83,28 отсто од општинскиот електорат, успеа уште во првиот изборен ден да ја понесе победата и да ја обезбеди функцијата градоначалник на општина Дојранза следните четири години. Тој на оваа позиција доаѓа од местото портпарол на Министерството за надворешни работи на РМ, каде што се вработува во 2008 година како дипломиран економист при Универзитетот во Варна, Република Бугарија.

Уверенија за членови на Советот на општината од страна на ОИК добија и шестмина кандидати од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и уште тројца кандидати од листата на СДСМ и коалицијата. Сите тие заедно со новоизбраниот градоначалник ќе ги претставуваат новите органи на локалната самоуправа во Дојран.

Со мнозинството советници од партијата и коалицијата од која произлегува и градоначалникот, во следниот мандат би требало да профункционира врската градоначалник – Совет на општината и потребите на граѓаните и општината, за разлика на присутниот неколкугодишен застој и неодобрувањето на бројни меѓународни проекти и урбанистички планови, како што беше практика во претхониот состав на Советот на Општина Дојран.

При прегледот на изборните резултати, симптоматично е што за градоначалник има двајца кандидати што освоиле само 26 гласа (што претстсвува 1,16% од електоратот), односно 5 гласа (во проценти 0,22%), што веројатно требаше да претставува изборно покритие за неизвесноста од присуството на опозицијата во изборниот процес.

При изборот на советничките листи, со недоволен гласачки цензус за обезбедување место во општинскиот Совет според Донтовата формула останале кандидатите на партиите Народно движење за Македонија и на ДОМ, со освоени 110, односно 112 гласови, што е недоволно за обезбедување место во локалниот општински Совет.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“