Доделени индексите на студентите од социјално загрозени семејства

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска им ги врачи индексите на студентите кои стекнаа право на стипендија врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството и Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

„Мислам дека овој начин на мотивација на младите да продолжат да студираат, особено на оние на кои им е најпотребна поддршка од државата во делот на ослободување од партиципација, односно бесплатно школување, ќе придонесе за зголемување на квалитетот кај нив самите, но од друга страна и мотивација за нивните пријатели и другари да се вклучат во образовниот систем“, рече министерот Ристовски.

Тој исто така изрази задоволство и од активното вклучување на Филозофскиот факултет во развојот на практичната работа на студентите од областа на социјалната политика, нешто што, исто така, беше дел од Меморандумот.

„Во изминатиот период 200 студенти од Институот за социјална политика беа и се активни практиканти во центрите за социјална работа. На таков начин тие ќе ги развијат своите вештини и ќе го зголемат искуството за натамошна поуспешна реализација на нивните работни обврски“, истакна министерот.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска