Доделени 810 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња во Аеродром

Од:

Општина Аеродром додели 810 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња на нејзината територија. За оваа намена се издвоени над четири милиони денари од општинскиот Буџет.

Бројот на машки и женски деца родени во Аеродром во 2017 година е речиси идентичен, а расте бројот и на родени близначиња.

Проектот еднократна парична помош на секое семејство со новороденче во општина Аеродром продолжува и во 2018 година. Надоместокот е во висина од 5.000 денари. Еднократната парична помош се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата во општина Аеродром со уредно приложена документација, која ќе го потврди раѓањето на новиот член во семејството и живеалиштето на подрачјето на општина Аеродром.

Барањето е достапно на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени