Доделена наградата „Менде Петковски“ за надобар дописник

Од:

Редакцијата на весникот „Дневник“ денеска во Битола ја додели наградата „Менде Петковски“ за најдобар дописник во 2012 година.

Светлана Дарудова, дописник на овој весник од Тиквешкиот регион, го доби престижното новинарско признание за сторијата посветена на професорот кој заминал во пензија и начинот на кој со голема почит му се оддолжиле неговите ученици.

– Прекрасно ја доживувам наградата за приказната која што беше за малите херои, кои се само обични луѓе, а се најдоа во центарот на вниманието во Македонија, па и пошироко, со самото тоа што ги вратија моралните и позитивните вредности во општеството – рече Дарудова.

На церемонијата, „Дневник“ ја додели и наградата за најдобар спортист на годината, за која едногласно беше избрана битолската параолимпијка Оливера Наковска Бикова.

Наградата „Менде Петковски“ го носи името на новинарот кој беше дописник на весникот од основањето до неговата прерана смрт во 2005 година.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат