Доделена на наградата „Гоце Делчев“ од областа на науката

Од:

Во Собранието денеска беше доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2018 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

Наградата беше врачена за трудовите „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“ од Славчо Ковилоски, објавен во 2017 година, за „Архитектонски конструкции1“ од авторот доц.д-р Енис Рафет Јакупи, објавен во 2017 година и за „Првите 15 македонски доајени на Медицинскиот факултет“ од д-р Дончо Донев, објавен во 2017 година.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата академик Владо Камбовски истакна дека скромен, но значаен прилог кон замислата за величење, поддршка и ширење на свеста за значењето на научното творештво претставува и доделувањето на највисоката државна награда „Гоце Делчев“ за најдобро научно дело објавено во претходната година.

Не смее да се застане на тоа, потенцира Камбовски, кој смета дека мора да се создаде нова колективна свест, што ќе врши силен притисок врз барањето за длабоки реформи во областите на образованието, вклучително високото образование и научно-истражувачката дејност, веднаш да се започне со поставување на основите на нов концепт за финансирање на овие области, преструктурирање на мрежата на високобразовните и научните установи, вложување во научна инстраструктура и научно-истражувачки кадар со вклучување во оваа сфера на илјадници млади луѓе кои ќе можат натаму да ги движат општествените реформи, заради побрзо пристапување кон европското подрачје на знаења, истражувања и наулно технолошки развој, како стадион на човековата слобода.

Од името на добитниците се заблагодари д-р Дончо Донев од Медицинскиот факултет.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025