Добротворна трка за луѓето кои живеат со ХИВ

Од:

Добротворна трка на пет километри се одржа денеска на Кејот на Вардар во Скопје, а собраните средства ќе бидат наменети за луѓето кои живеат со ХИВ.

На трката која ја организира Здржението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ учествуваа 40-тина граѓани. Котизацијата за трката беше 300 денари.

На трката учествуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски, кој го подели првото место со Димитри Михаилов Миовски. Тие истрчаа време од 22 минути и 10 секунди.

Второ место го освои Блаже Цоневски, а третото Златко Костовски. За освоените први три места учесниците добија парични награди кои ги донираа.

– Дојдовме тука да се дружиме и да придонесеме за помош на лицата кои живеат со ХИВ. Се надевавме на поголем број учесници, но околните балкански маратони се секогаш поголем предизвик и голем дел од учесниците кои денеска требаше да учествуваат на оваа трка се заминати таму и се натпреваруваат. Тие даваат безрезервна помош на ваквите настани. Ние како тркачи сме хуманитарци и гледаме да помогнеме каде можеме и да промовираме здрави навики и висока општествена свест за болестите, рече Михаилов Миовски.

Извршниот директор на Здржението, Андреј Сених изјави дека трката ја организираат за подигнување на јавната свест за ХИВ, за заштитата од ХИВ, употребата на заштита, но и за поддршка на луѓето кои живеат со вирусот.

– Средствата кои се собрани ќе бидат наменети за поддршка на луѓе со ХИВ кои живеат во социјално неповолни услови. Најчесто таа поддршка значи покривање на патни трошоци за доаѓање на редовна контрола, подигнување на терапија за луѓе кои живеат надвор од Скопје и скромна помош на месечна основа во вид на основни прехранбени и хигиенски производи, додаде Сених.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски