Заев: Добивме времено решение за медиумите, вистинските реформи по промените

Од:

Два пати реков јавно дека нема услови за избори, изборите на 24 април и 5-ти јуни се одложија. Сега сум убеден дека до 31-ви август ДИК, но и политичките партии ќе ги состават медиумските тела, тоа е ад-хок телото и ќе се избере главниот уредник. Зошто сум убеден? Затоа што тоа повеќе не зависи од некои политички гласања помеѓу партиите, станува технички процес. Државната изборна комисија сум убеден дека ќе го заврши својот дел од прочистувањето на Избирачкиот список заради тоа што и тука нема гласање. Технички да се спроведе тоа што значи регистрација и тоа што значи прераспределба на гласачите од 171 илјада во вториот дел на Избирачкиот список. Очекувам 31 август лидерите на сите 4 политички партии да го конкретизираме, потврдиме 11-ти декември. Од 1-ви семптември очекувам да се формира Владата за спроведување на изборите, тоа се 100 дена до 11-ти декември. Така да Македонија, овој пат, лично јас како шеф на опозицијата, верувам и сите граѓани заедно, да гарантираме регуларни, фер и демократски избори. Гарантираме тајност на гласањето, гарантираме дека граѓаните конечно ќе влијаат со својот глас во каков правец и каква иднина ќе има Македонија, рече Заев.

Во продолжение останатите прашања на и одговори од прес конференцијата:

П2: Тоа што ДПА и ДУИ најавија дека нема да предложат свои претставници во ад хок телото за медиуми, дали можеби тоа е на некој начин сценарио за неучество или одлагање на изборите?

Не. Тие во процесот на преговори беа кренале раце од медиумите, не сакаа да разговараат за овој втор услов, важен беше делот на прочистување на Избирачкиот список и да одиме. Какао што можете да забележите еден дел и меѓународната заедница како фасилитатори дигнаа раце. Не се откажавме. Затоа имаме времено решение, не трајно. Трајното решение за кое што зборува ЗНМ и голем дел од новинарите во Македонија е нешто коешто ние го посакуваме. Но власта не даде поддршка на реформи комплетни, конечни реформи на медиумскиот простор. Сега добивме едно времено решение коешто ќе биде сериозен исчекор и ќе најави квалитетни реформи коишто ќе следуваат пред се после самите избори. Тој основ не е некоја основа, ДУИ или ДПА да не учествуваат или да бараат изговори за одложување на изборите. Впрочем, нивната незаинтересираност беше причина дека ако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го изнајдат тоа решение, доволно ќе биде гарантирано и за албанските политички партии од власта но и другите опозициони партии коишто постојат во Македонија да имаат подобрување на овие услови како еден од непресушните, најважните моменти за организирање на регуларни, фер и демкратски избори.

П3: Како го оценувате тоа што Тони Јакимовски за кој се води предистражна постапка во СЈО за случајот Тврдина е избран за регионален координатор, претставник на Македонија во регионалните тела за борба против криминал?

Верувам дека тие луѓе, претставници таму кои одлучувале, не биле информирани дека против човекот се води истрага за да биде поставен токму на една ваква позиција. Се надевам дека таа грешка во периодот којшто доаѓа ќе биде исправена заради тоа што човекот е осомничен со сериозни идникации, за сериозни сомневања, а тоа е дека е еден од најсериозните инволвирани во процесот на незаконското прислушување во Република Македонија.

П4: Господине Заев, приоритетните проекти на господинот Петрески поранешниот градоначалник на Охрид беа реализирани многу мал дел, значи …беше обеќан, градскиот пазар, автобуската станица, граѓаните се разочарани, како вие мислите да ја стекнете довербата кај граѓаните повтроно заради тоа што голем дел од проектите коишто беа ветени не се реализирани…

Еден огромен дел беа ветени и беа реализирани, еден дел не беа реализирани. Знаете дека Охрид ја немаше поддршката ниту наклонетоста на централната власт. Ќе бидам чесен, како што се трудам да бидам чесен политичар, и денеска Охрид ја нема наклонетоста на централната власт иако имаат свој градоначалник. Тие ветуваа дека доколку граѓаните дадат поддршка за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ сето ова што е ветувано со години ќе се реализира. Но, не се реализира, го гледате тоа. Сакам да биде јасно како ден, новата власт ќе даде директна поддршка на локалната самоуправа и со директно свое инвестирање ќе ги реши овие крупни, капитаилни проблеми.

Во тоа име, апелирам власта да му помогне на Охрид. Охрид од 2003-та или 2004-та година функционира со блокирана сметка, со огромни долгови. Тоа е мојот Охрид, Вашиот Охрид, тоа е нашиот Охрид.

Јас сум шеф на опозицијата и нема од кого да се плаши власта, опозицијата еве нема да критикува, нека помогне и нека трансферира 20-30 милиони евра директно од централниот буџет за Охрид. Да ги реши овие проблеми и да тргне Охрид. Директно охрабрувам да му се помогне на Охрид. Преку изградбата на затворениот пазар, автобуската станица, обиколницата, сите овие решенија, со се што е добро за Охрид. Со Субрата Рој благодарам, не треба таква помош.

Но, апелирам исто така да му се помогне на Охрид во делот на неговата еколошка заштита. Не може да се носи генерален план а притоа да не биде важно зошто Охрид е во УНЕСКО. Не може да не ни биде важно. Тоа не боли сите. Така да, овие армирано бетонски зданија коишто ги граделе и сакаат да ги градат нека се откажат. Нема потреба. Охрид треба да го развиваме во духот на она што го знаеме сите, да го заштитиме целосно. Да го заштитиме и мочуришниот дел, што е допринос кон квалиетот на Охридското езеро и причината зошто е заштитено од УНЕСКО езерото. Не може да се уништува заради тоа што на некој му паднало на памет, како што беше „Миле ми текна“, па сега ќе градиме што ќе ни текне овде. Боли за Охрид не само кај охриѓани, боли и кај Струмичани, и ги боли сите. Во тоа име апелирам, најпозитивно, како шеф на опозицијата, да трансферира пари кон Охрид и да му помогне. Ако не, банките да одобрат кредити и Охрид да се расчисти со кредитите за она што должи. За да има состојба Охрид да може да тргне напред. Кој и да е градоначалник во периодот што претстои, а ќе биде од СДСМ, ќе му биде сериозна пречка на било кој да го води Охрид. Но ова прашање еднаш мора да се реши. Затоа сум овде и отворено зборувам со целосна доблест, кој како сака нека ме свати. Охрид е обврска на сите нас, не само на охриѓани, пред се на врвот на политиката и треба да направиме квалитетни и конкретни чекори за негово помагање.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов