А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

До СРД барања од 60 телевизии за промена на дозволата за емитување

by А1он22/05/2013 - 16:16288
Share0

Вкупно 60 телевизии доставија барање до Советот за радиодифузија (СРД) за промена на дозволата за емитување на програмата од аналогна во дигитална, што треба да почне од 1 јуни. Од 60.

Добивај вести на вибер

телевизии, 30 одлучиле да емитуваат програма преку Digi TV платформата на компанијата ОНЕ, избраниот оператор за дигитално емитување на програмите, а 30 преку кабелски оператори.

– Сите 60 телевизии ќе добијат дозвола да емитуваат програма на дигитална платфора и ќе им важат од денеска, но официјално ќе им бидат врачени на 29 мај. Измените дозволи ќе им важат до датумот на важност на претходните дозволи, информира Трајчевски.

Со измената на дозволите за работа телевизите немаат дополнителни финансиски обврски кон СРД, освен што го плаќаат годишниот надомест што е разлилчен за секоја телевизија.

Од ОНЕ информираат дека со многу од телевизиите веќе имале разговори за техничките аспекти.

– Ние ја направивме дигиталната платформа. Законот овозможува емитувањето да биде и преку кабелски опаратор или сателитски, но сметам дека нашата Digi TV е најдобра затоа што покрива 92 проценти од територијата, а со тоа ќе се зголемат понудите на Бум ТВ.

Плус со користење на ресивер на Бум ТВ наместо досегашните 45 телевизиски канали, ќе се добие можност за гледање на 60 канали. Ја има и можноста ресиверот да се носи со себе на планина, во викендичка и слично, рече на прес-конференција главниот извршен директор на ОНЕ Цирил Кафол.
Во пресрет на дигитализацијата на телевизискиот сигнал ОНЕ ја намали претплата во резидентниот Бум Tв сегмент.л

mediumisrd

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Катерина Ѓуровски20/03/2025 - 14:28

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on15/03/2025 - 22:2515/03/2025 - 22:25

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ11/03/2025 - 17:0711/03/2025 - 17:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен