Започнува градежната офанзива во населба Лисиче

Од:

Рамномерен локален развој и инвестиции во секое населено место се приоритет во работењето на локалната самоуправа и тие се од исклучително значење за граѓаните. Денеска во Населба Лисиче почнува голема градежна офанзива на општината која опфаќа проекти во патната инфраструктура, спортските содржини и забавни објекти за најмладите, известува Општина Аеродром.

Истовремено, во рамки на нашиот план за населбата, влегува и интензивната работа кон решавање и забрзување на постапките за изведба на спортскиот центар „Пирин“, како и изградба на детската градинка во непосредна близина.

Како дел од тековните есенски инвестициски активности, игралиштето за фудбал и кошарка зад трговскиот центар доби нова современа тартан подлога обележана за соодветните спортови, нови кошеви и голови, а тековно се работи и на чистење и хортикултурно уредување на целиот простор. Исто така, наскоро ќе почне и целосното асфалтирање на три улици во вкупна должина од над два километри, соопштува Општина Аеродром.

Со нови инфраструктурни објекти и инвестиции во секој дел од општината, градиме поубав Аеродром за сите. Инвестиции во проекти кои се наменети за сите возрасни групи, инвестиции во подобрување на условите за живот, забава и спорт во Општина Аеродром, инвестиции кои ја покажуваат грижата за развојот и квалитетот на живот во Аеродром, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски