До пладне во ДИК никој не поднел кандидатски листи за пратеници

Од:

Демократската унија за интеграции (ДУИ) и СДСМ, како што потврдија партиски претставници, денеска нема да поднесат листи за кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи за МИА потврди дека партијата денеска нема да поднесе листи, а тоа, како што и претходно најавија, нема да го сторат и од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА засега нема официјална информација дали и кога ќе поднесат листи.
До пладне, како што информираат од Државната изборна комисија (ДИК), нема поднесено кандидатски листи.

Само НДМ на Јанко Бачев најави дека ќе поднесе листи.

Според Роковникот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, вечер на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Откако ќе ги добие листите, ДИК има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа