До крајот на септември треба да заврши изградбата на булеварот Србија од Цементарница до „Христо Татарчев“

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, денеска изврши увид во градежните работи на проектот за пробивање на булеварот „Србија“ до крстосницата со улицата „Христо Татарчев“ каде е предвидено изградба на нов кружен тек.

Како што информираат од Град Скопје, Трајановски посочил дека делницата од кружниот тек кај Цементарницата до улицата „Христо Татарчев“ треба да биде завршена и асфалтирана до крајот на месец септември, додека изградбата на кружниот тек ќе биде завршена подоцна, бидејќи се уште се расчистуваат имотно-правните односи за отстранување на неколку објекти.

– Со реализацијата на овој инфраструктурен проект, значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот за жителите коишто гравитираат во овој дел од Скопје и околните општини, а воедно ќе се комплетира и булеварското поврзување на општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба, што е од исклучителна важност, рече градоначалникот Трајановски.

Со овој проект булеварот „Србија“ се проширува на потег со должина од 868 метри, а ќе се оформат 4 сообраќајни ленти.

– По должината на новата траса од десната страна ќе има странично зеленило со ширина од 1,5 метри и пешачко-велосипедска патека со ширина од 3 метри, а од левата страна ќе има пешачка и велосипедска патека со променлива ширина. Новиот булевар ќе има средишно зеленило со ширина од 2 метра. На крајот од новиот булевар ќе се изгради кружен тек со дијаметар од 36 метри, две сообраќајни ленти и пешачка патека, информира Трајановски.

Посочи дека со овој проект ќе се изврши и реконструкција и проширување на улиците „Христо Татарчев“ и „Христо Татарчев“ крак 2, на деловите што влегуваат во новиот кружен тек, на вкупна должина од 590 метри. Новата делница на булеварот „Србија“ ќе добие нова атмосферска канализација, како и ново улично осветлување.

Градот Скопје, како што информираат, во проектотА ќе вложи 98 милиони денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето