А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

До крајот на април таксистите ќе се пријавуваат за полагање англиски јазик

by А1он21/04/2015 - 12:57171
Share0

Такси возачите ќе можат до крајот на април да се пријават за полагање на испитот за англиски јазик. Продолжувањето на рокот, како што информира денеска Град Скопје, е направено по барање на такси компаниите.

Добивај вести на вибер

Испитот е бесплатен, а на конкурсот за полагање може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании.

Пријавувањето се врши на електронската пошта [email protected], а покрај пријавата, која може да се најде на веб страната на Министерството за транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите треба да приложат и М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

Во согласност со Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да имаат сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој е еден од условите за да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз. Сертификатот ќе биде задолжителен од 1 јануари 2017 година.

angliskitaxi

Би можело да ве интересира

Прескапо таксито во Загреб – за 7 километри и наплати 110 евра

А1он05/06/2025 - 15:54

Таксистите бараат Град Скопје да го реши хаосот со такси превозот

Катерина Ѓуровски13/03/2023 - 10:31

ВИДЕО: Регионалниот такси превозник САММЕО почна со превоз на патници во Скопје

Ана Ололовска20/08/2020 - 14:3720/08/2020 - 14:37

ВИДЕО: Лиценцираните таксисти ќе се означуваат со жолти табли и еколошки налепници

Ана Ололовска08/11/2018 - 15:3708/11/2018 - 15:54

Такси-превозниците нема да полагаат за меѓународен сертификат по англиски јазик

Ана Ололовска17/12/2017 - 19:3617/12/2017 - 21:59

Јавен повик за полагање испит за автотакси возачи во Скопје

Ана Ололовска30/06/2015 - 11:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен