До исполнување на обврските од договорот од 1 март, СДСМ само формално во Собранието

Од:

Пратеничката група на СДСМ само формално ќе учествува во работата на Собранието се додека власта не го исполни својот дел од политичкиот договор од 1. март.

– Се додека не препознаеме искрена политичка волја кај власта за разрешница на овие суштински прашања, СДСМ своето учество во Собранието ќе го сведе на формално, со што од една страна нема да ги загрози ЕУ и НАТО интеграциите на РМ, но истовремено нема да дава легитимитет на власта, наведуваат во СДСМ.

Опозицијата го исполни својот дел од обврските предвидени со политичкиот договор од 1. март. Се врати во Собранието и учествуваше на локалните избори, како предуслов за исполнување на ЕУ и НАТО интеграциите на земјата.

– Од страна на власта не е исполнета ниту една преземена обврска, ниту иницирање на постапка за измени на Собранискиот деловник преку градење консензус, ниту измени на изборното законодавство со вклучување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ниту пак формирањето на Комисијата за истражување на настаните на 24-ти декември, посочуваaт од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните