До ДКСК доставени документи за двајца судии од Битола, за кои веќе има предмет во Судскиот совет

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница констатираше дека веќе е поднесена претставка за двајца судии од Основен суд Битола и Апелационен суд Битола до Судскиот совет за наводна злоупотреба на службената положба и овластување, како и заобиколување на правниот систем при вршење на работна дејност.

Од ДКСК велат дека подносителот ја доставил истата претставка и до Судскиот совет, при што Советот има оформено предмет за понатамошна постапка.

-Судскиот совет оформил предмет за овој случај и ќе се постапува по оваа претставка, а подносителот ќе биде известен за истиот. Нема повеќе елементи за ние да постапуваме по овој предмет, велат од ДКСК.

На денешната седница на ДКСК беа разгледувани и други предмети.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК