До ДИК се пријавиле 6.984 граѓани со спорни записи

Од:

Вкупно 6.984 граѓани денеска до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за регулирање на избирачкото право. Овие лица се меѓу 39.502 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет страницата на Комисијата. Електронските пријави подлежат на дополнителни проверки од страна на Комисијата.

Најмногу пријавени има во општините Чаир-974, Сарај-553, Куманово-500, Тетово-475, Аеродром-374, Кичево – 369, Центар-359 и Гостивар-320.

Рокот за пријавување на граѓаните кои се наоѓаат на списокот со спорни записи завршува утре. Дотогаш граѓаните кои сакаат да го регулираат избирачкото право можат да се обратат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, кои ќе работат до 19:00 часот, или тоа да го направат преку апликацијата на веб страната на Комисијата, која ќе биде отворена до полноќ.

Регулирањето на избирачкото право граѓаните ќе можат да го направат и за време на јавниот увид во Избирачкиот список пред изборите што најверојатно ќе се одржат оваа година.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски