До ДИК до 19 часот поднесени приговори од Движењето Беса и од СДСМ

Од:

До Државната изборна комисија до 19 часот пристигнати приговори и тоа осум од подносителот на листа на кандидати Движење Беса и осум од подносителот на листа Коалиција предводена од СДСМ. Дел од приговорите се однесуваат на постапката за гласање, додека дел се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

Како што информираат од ДИК, приговорите на Движењето Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Липково и Гази Баба, додека приговорите кои се поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ се однесуваат за текот на гласањето, а дел за утврдувањето и сумирањето на резултатите од гласањето.

Во 19 часот истече рокот за поднесување приговори до ДИК за постапката за гласање, додека рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува на полноќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа