До 18:30 во Велес гласале 49,39, во Чашка 50,5, а во Градско 60 проценти од избирачите

Од:

Во Општина Велес до 18:30 часот од вкупно 45.996 гласачи на гласање на 84-те избирачки места излегле 21.689 или 49,39 проценти од гласачите.

Во Општина Градско до 18:30 часот од вкупно регистрирани 3.139 гласачи излегле да гласаат 1.895 гласачи на 11-те избирачки места што е 60 проценти.

Во Општина Чашка од 6.029 гласачи на 31 избирачко место, како што информира за МИА Марјан Јовановски претседател на ОИК, до 18:30 часот гласале 3.045 или 50,5 проценти од запишаните гласачи во Единствениот избирачки список.

Изборите во сите три општини поминале во фер и демократска атмосфера, изјавија за МИА претседателите на трите ОИК.

Точно во 19 часот затворени се вратите на сите избирачки места и сега е во тек пребројувањето на гласовите на двајцата кандидати за избор на претседател.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар