До 15 часот во Брвеница гласале 40,49 отсто од избирачите, излезноста повисока за над девет процентни поени

Од:

Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од запишаните во Избирачкиот список, го оствариле правото на глас до 15 часот на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.

На прес-конференција, од ДИК информираа дека податоците се добиени од сите 24 избирачки места и дека гласањето се одвива непречено и без проблеми.

Во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, одѕивот до 15 часот е повисок за 9,32 процентни поени. Во истиот временски пресек во првиот круг гласале 5.064 избирачи или 31,17 отсто.

Најголем одѕив е регистриран на избирачкото место 2044, каде до 15 часот гласале 72,12 отсто од запишаните избирачи, додека најмал на избирачкото место 2036 со 19,25 отсто.

Во однос на заштитата на избирачкото право, до ДИК биле поднесени три приговори. Во два случаи приговорите биле усвоени и на гласачите им било овозможено да гласаат, додека еден приговор сè уште бил во постапка на обработка.

Од Комисијата најавија дека следниот пресек за одѕивот и текот на гласањето ќе биде соопштен на прес-конференција закажана за 18:30 часот.

Би можело да ве интересира

Над 4.500 граѓани го остварија правото на глас во Брвеница до 13 часот

Горан Наумовски

Во Брвеница расте интересот за гласање: Излезноста до 11 часот повисока од првиот круг

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани

Брвеница денеска избира градоначалник

Горан Наумовски

Гласаа 104 болни и немоќни лица и 8 затвореници на изборите за градоначалник во Брвеница

А1он

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он