До 13 часот во Охрид гласале околу 34 отсто, во Дебрца околу 37 проценти

Од:

Според последните информации од ОИК на Охрид и Дебрца, изборите и гласањето на територијата на двете општини се одвива непречено и без какви било нерегуларности.

Според Марика Костадиноска, претседател ОИК во Охрид, до 13 часот на гласање излегле 33,24 отсто од гласачите за парламентарните избори, додека нивниот број за претседателските изнесува 36,78 отсто.

Љубен Стојаноски, претседателот на ОИК во Дебрца, соопшти дека до 13 часот за избор на претседател гласале 36,78 отсто од гласачите, додека за новиот состав на Парламентот на РМ своето право го оствариле 37,75 проценти од впишаните лица со право на глас.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември