Дневник: Урко веќе не го обезбедува Груевски

Од:

Kако што неофицијално дознава „Дневник“, премиерот Никола Груевски го отстранил од обезбедувањето Дејан Митровски-Урко.

Според „Дневник“, поради недоволна посветеност на професионалните обврски и непочитување на професионалните стандарди поврзани со угледот на вработениот, како и поради намален фокус на обврските, од обезбедување на претседателот на Владата на Република Македонија привремено е отстранет Д.М.

Според сознанијата на весникот, всушност, станува збор за Дејан Митровски-Урко.

Против него е поведена соодветна постапка, а до завршување на постапката за утврдување одговорност нема да извршува работни задачи на досегашната позиција. Надлежните ја потврдиле информацијата, но не сакале да кажат ништо повеќе освен дека станува збор за Д.М. Урко е верна „сенка“ на Груевски од првиот политички ангажман како министер за финансии во Владата на Љубчо Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка